fbpx

Последни моменти пред трагедијата: Светот тагува по холивудската ѕвезда

Почина холивудската актерка Ен Хеч (53) која настрада во тешка сообраќајна несреќа откако со својот автомобил удри во гаража на станбен комплекс во Лос Анџелес.

Таа денеска е исклучена од апаратите кои ја одржуваа во живот, соопшти нејзината пријателка Ненси Дејвис.

„Ен беше една од највнимателните личности што ги познавам. Таа го извлече најдоброто од мене. Ми беше поддршка во се’ што правев. Беше неверојатно талентирана, креатиен гениј кој тешко дека ќе се повтори. Моето срце е скршено“, изјави таа.

Актерката беше примена во критична состојба во болницата Вест Хилс. Една недела откако беше хоспитализирана, нејзиното семејство откри дека знаеле дека ќе умре, но дека ја одржувале во вештачка кома за да ја испочитуваат нејзината голема желба-органите да ѝ бидат донирани.

Несреќата се случи минатиот петок. Првичните сознанија укажуваат дека актерката возела под дејство на алкохол и дрога, но тоа допрва треба да го потврди истрагата.

Фото: Принтскрин Јутјуб/Инстаграм

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Сопруг и татко на три деца: Кој е монструмот од Цетиње кој уби 11 лица?

Трагедија каква што досега се немаше случено во Црна Гора денес го вознемири целиот регион. Единаесет лица се убиени, а шестмина се повредени во денешниот инцидент кој се случи околу 16 часот во Цетиње. Конечно е познат и идентитетот на монструмот кој подоцна полицијата успеа да го ликвидира. Српските медиуми […]