fbpx

Сопруг и татко на три деца: Кој е монструмот од Цетиње кој уби 11 лица?

Трагедија каква што досега се немаше случено во Црна Гора денес го вознемири целиот регион.

Единаесет лица се убиени, а шестмина се повредени во денешниот инцидент кој се случи околу 16 часот во Цетиње.

Конечно е познат и идентитетот на монструмот кој подоцна полицијата успеа да го ликвидира.

Српските медиуми пишуваат дека станува збор за 34-годишниот Вучко Бориловиќ, сопруг и татко на три деца.

Откако си го застрелал семејството, излегол на улица и пукал во соседите, но и во случајни минувачи.

Се шпекулира дека причината за крвавиот масакр е семеен конфликт. Полицијата се’ уште нема официјално соопштение за настанот.

Во меѓувреме се огласи и црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ.

„Се случи трагедија каква што Црна Гора не памети. Ги повикувам сите граѓани на Црна Гора во мислите да бидат со семејствата на невините жртви, нивните роднини, пријатели и сите граѓани на престолнината Цетиње“, напиша тој на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин Јутјуб

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Голема трагедија! Почина 14-годишно момче, неверување и шок (ВИДЕО)

Бизарна несреќа се случи во рускиот град Санкт Петербург. Почина 14-годишен спортист за време на тренинг, откако беше погоден од хокеарски пак во градите. Несреќниот момент е забележан од камерите. Талентираниот тинејџер прво се жали на повреда пред да падне на мразот и да интервенира лекарот на тимот. Медиумите пишуваат […]