fbpx

Знаеме дека ќе умре: Семејството на познатата актерка пресече, ОВА ги изненади сите

Тажни вести доаѓаат од Холивуд

Конечно се огласи семејството на познатата актерка Ен Хеч (53) која по тешка сообраќајна несреќа се наоѓа во кома. Нејзините најблиски велат дека повредите се критични и дека таа нема да преживее.

„Знаеме дека ќе умре. Има тешки повреди на мозкот. И понатаму е во кома, нејзината состојба е критична и не очекуваме дека ќе се извлече“, пишува во нивното соопштение.

Тие откриваат дека Ен имала само една желба која планираат да ја испочитуваат.

„Таа неодамна посака по нејзината смрт органите да ѝ бидат донирани. Хеч е на апарати се’ додека лекарите не утврдат дали некои од нејзините органи се употребливи“, пишува семејството.

Несреќата се случи минатиот петок кога славната актерка со нејзиниот автомобил се заби во куќа во Лос Анџелес.

Првичните сознанија укажуваат дека возела под дејство на алкохол и дрога, но тоа допрва ќе треба да го потврди истрагата.

Фото: Принтскрин Јутјуб/Инстаграм

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Богородичниот пост е најважен за жените: Еве зошто!

На 14 август, праволавните верници го започнуваат Богородичниот пост, еден од четирите големи пости. Овој пост е востановен во чест на Христовото Преображение и Успението на Пресвета Богородица. Најкраток е од четирите големи постови, но и построг од божиќниот и апостолскиот. Се пости на следниов начин: во понеделник, вторник, среда, […]