fbpx

Ангели мои, бргу доаѓам кај вас: Погребани Наташа и нејзините синови

Медицинската сестра Наташа Пајовиќ Мартиновиќ (35) и нејзините синови Машан (11) и Марко (8) денеска беа погребани на гробиштата во Бајице кај Цетиње.

Милош Мартиновиќ, сопруг и татко на убиените во масакрот, со трогателна порака се прости од нив.

„Наташа, ти благодарам за се’ што направи за Машан и Марко. Се обиде да ги спасиш од олошот што ве уби ни криви ни должни. Цел живот се бореше за нив и сега повторно сте заедно. Ангели мои доаѓам брзо кај вас. Чекајте ме, ве сакам“, напиша тој.

Во незапаметената трагедија во Црна Гора животот го загубија Данијела Радуновиќ (51), Александра Радуновиќ (52), Милан Митровиќ (37), Рајко Дрецун (56), Димитрије Дрецун (81), Даница Дрецун (74), Горан Ѓуришиќ (54), Наташа Пејовиќ Мартиновиќ (35), М.М. (11) и М.М (8).

Кој е монструмот од Цетиње кој ги уби овие луѓе можете да прочитате ОВДЕ!

Следни Објави

Вакво нешто не сте виделе: Елена од „Живот со стил“ ги изненади фановите (ВИДЕО)

Една од највлијателните македонски инфлуенсерки, Елена Стефановска, минатиот месец стапи во брак со својот долгогодишен партнер Бојан Најдоски. Дека познатата авторка и водителка на ТВ-магазинот „Живот со стил“ навистина имала бајковита свадба, сега се уверија и нејзините верни следбеници на „Инстаграм“ откако г-ѓа Најдоски сподели видео кое дефинитивно е продукција […]