fbpx

Потресни сцени: Се собраа семејствата на жртвите од масакрот во Цетиње

Државниот врв на Црна Гора, политичари, блиски пријатели и семејствата на загинатите денеска се собраа во Владиниот дом во Цетиње на комеморативната седница за жртвите од масакрот.

Настанот започна со една минута молк, по што беше испратена порака дека Цетиње не е сам во својата тага, туку дека тагува и цела Црна Гора.

„Тешко е да се прифати дека никогаш повеќе нема да ги видиме и сретнеме нашите сограѓани, а најтешко е што никогаш нема да ги видиме нашите два ангела, Машан и Марко како поминуваат и одат на училиште, како трчаат по топката. Никогаш нема да ги заборавиме нашите сограѓани. Тоа ќе остане неизбришлив дел од нашето сеќавање, им благодариме за сите среќни моменти што ги поминавме со нив, а градот ќе знае да се грижи за роднините на жртвите“, рече градоначалникот на Цетиње.

Во незапаметената трагедија животот го загубија Данијела Радуновиќ (51), Александра Радуновиќ (52), Милан Митровиќ (37), Рајко Дрецун (56), Димитрије Дрецун (81), Даница Дрецун (74), Горан Ѓуришиќ (54), Наташа Пејовиќ Мартиновиќ (35), М.М. (11) и М.М (8).

Кој е монструмот од Цетиње кој ги уби овие луѓе можете да прочитате ОВДЕ!

Следни Објави

Ангели мои, бргу доаѓам кај вас: Погребани Наташа и нејзините синови

Медицинската сестра Наташа Пајовиќ Мартиновиќ (35) и нејзините синови Машан (11) и Марко (8) денеска беа погребани на гробиштата во Бајице кај Цетиње. Милош Мартиновиќ, сопруг и татко на убиените во масакрот, со трогателна порака се прости од нив. „Наташа, ти благодарам за се’ што направи за Машан и Марко. […]