fbpx

Венчаница како од бајка: Се омажи Марија, една работа ги шокира гостите (ГАЛЕРИЈА)

Македонската финалистка во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, Марија Груевска, вчера се заколна на вечна љубов и го изговори судбоносното „ДА“ на своето долгогодишно момче Синиша Стојаноски.

Убавата пејачка блесна во венчаница како од бајките-голема кринолина, корсет од кристали и дискретен вел. Стајлингот го комплетира со гламурозни чевли, а шминката и фризурата ѝ беа прекрасно усогласени. Нејзиниот избраник исто така се потрудил за својот најсреќен ден, па се појави во светло син костум кој му стоеше совршено.

Свадбата беше на отворено, кај еден манастир во близина на Битола. Освен семејството и пријателите, на настанот присуствуваа и колегите на Марија од „Ѕвездите на Гранд“.

Покрај главниот бенд кој беше задолжен за веселбата, за микрофонот се фати и Александар Јосифовски, а нејзиниот сограѓанин Виктор Апостоловски на младенците им го отпеа несудениот евровизиски хит „Супермен“.

Она што особено ги фасцинираше гостите беше огромната торта на седум ката.

Неколку недели пред свадбената веселба Марија за „Гранд онлајн“ откри дека со Синиша очекуваат околу 600 гости, па на шега прокоментира дека прославата ќе трае три дена.

А, на само три дена пред свадбата, Груевска се соочи со голема семејна трагедија за која можете да прочитате ОВДЕ!

Ј.П.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Потресни сцени: Се собраа семејствата на жртвите од масакрот во Цетиње

Државниот врв на Црна Гора, политичари, блиски пријатели и семејствата на загинатите денеска се собраа во Владиниот дом во Цетиње на комеморативната седница за жртвите од масакрот. Настанот започна со една минута молк, по што беше испратена порака дека Цетиње не е сам во својата тага, туку дека тагува и […]