fbpx

Пронајден мртов со синот во прегратка: Една работа ги шокира сите, сопругата очајна

За надлежните органи се’ уште е енигма трагедијата во која пред точно една година полицаец беше пронајден мртов со својот тригодишен син.

Полицијата од Вест Мерси лани на 15 август била повикана во семејната куќа на 39-годишниот Дејвид Лоуден. На лице место го пронашле колегата и неговото чедо Харисон кои не покажувале знаци на живот.

Семејството на Дејвид е разочарано поради необјаснивата загуба, а неговата сопруга е скршена од болка.

„Дејвид беше љубезен, полн со љубов, внимателен и неверојатен татко и сопруг. Харисон беше среќно и сакано дете. И двајцата засекогаш ќе ми останат во срцето“, вели таа.

Лоуден бил омилен полицаец кој последните години успешно решавал тешки кражби во становите од населбата во која оперирал.

Лани по инцидентот се огласи и Рејчел Џонс, помошничка на полицискиот началник, изразувајќи сочуство до семејството.

„Со огромна тага ви ја соопштувам веста за смртта на нашиот колега и неговото дете. Иако околностите засега не се сосема јасни, ова е несомнено голема трагедија и загуба, како за семејството, така и за нашата полиција“, изјави Џонс.

Фото: Вест Мерси Полис

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Каква трагедија! Жената на познатиот пејач се самоуби, во прошталното писмо го напиша само ОВА

Се до својата смрт, легендарниот пејач Боро Дрљача не успеа да дознае зошто сопругата Верица посегна по својот живот во паркот кај култниот хотел Југославија. Покојниот Дрљача во една прилика откри дека никогаш нема да го заборави моментот кога во станот го пронашол нејзиното проштално писмо со две кратки реченици. […]