fbpx

Беше во брак со жени, сега љуби 45 години помладо момче: Славниот дизајнер по разводот беше и со порно-ѕвезда, а тврди дека не е геј

Легендарниот дизајнер Келвин Клајн има бурен љубовен живот. По два неуспешни брака со жени, одлучи да им се посвети на мажите.

Креаторот кој постави нови стандарди во светската модна индустрија, последната деценија ужива во романтичните врски со значително помлади мажи.

Сепак, пред да најде повеќе предизвици во истополовиот однос, тој уживаше во друштво на убави жени.

Првпат застана пред олтар во 1964 година со дизанјерката Џејн со која доби ќерка. Двојката се разведе по десет години заеднички живот.

Подоцна се ожени со личната асистентка Кели Ректор, а нивната љубов траеше се’ до 2006 година.

Тогаш наводно забележал дека всушност го интересираат мажи, па комплетно им се посвети ним.

Првата негова врска со маж која беше обелоденета во медиумите е онаа со по*но ѕвездата Ник Грубер, инаку 48 години помлад од Клајн.

Откако се разделија, славниот дизајнер изјави дека не е геј.

„Не сум геј, но не верувам во етикетирање. Верувам во љубов“, истакна тој.

Со своето актуелно 45 години помладо момче Кевин Бејкер првпат се појави во јавноста на модна ревија во 2016 година.

Следната година беа заедно на летување и оттогаш двојката е неразделна.

Фото: Профимедија/Пинтерест

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ретко ја гледаме: Првата сопруга на Аца Лукас е жена за пример (ФОТО)

Сите ја знаеме Соња Вуксановиќ, последната сопруга на Аца Лукас, но малкумина знаат дека таа е негова трета среќа, барем кога е во прашање брачната заедница. Медиумите особено се интересираат за првата жена на популарниот пејач која речиси никогаш не се појавува во јавноста. Таа е скромна и повлечена и […]