fbpx

Тажен ден во Македонија: Почина Фиданоски

По кратко боледување, синоќа почина Гале Фиданоски, еден од основоположниците на гостиварското новинарство.

Тој повеќе од две децении раководеше со радиостаницата „Радио Гостивар“, единствениот локален медиум до почетокот на 90-тите години од минатиот век.

Покрај активната и ангажирана новинарска работа во Радио Гостивар, нешто повеќе од 35 години беше дописник на Радио Скопје од Гостивар. Соработуваше и со други електронски и печатени медиуми. Даде особен придонес во поновата ера на Гостивар и гостиварско извршувајќи значајни општествено политички функции во втората половина на минатиот век.

Во 1962 година Фиданоски дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје и набрзо е поставен за директор на ОУ „Денче Дејаноски“ во Маврови Анови. По три години работа во Маврово, во 1965 година е примен за новинар-уредник во Радио Гостивар. Таму, како новинар-уредник, односно директор и главен и одговорен уредник останува се’ до пензионирањето во 2000 година, пишува „Радио Гостивар“.

Автор е на публикацијата „Априлскиот злостор во Ново Село“ во 1976 година, а како коавтор се појавува во повеќе монографии и публикации. Подоцна (2010) како пензионер ја објавува книгата „Копанка“, приказна за битушките гурбетчии.

Фиданоски имаше 86 години.

Следни Објави

Голема загуба: Ненадејно почина познатиот новинар на „Нова ТВ“

На 48 години ненадејно почина наградуваниот новинар, уредник, репортер и водител Мислав Баго. Информацијата за неговата смрт ја објави медиумската куќа „Нова ТВ“ каде тој работеше во последните 13 години. „Мислав остави неизбришлива трага во хрватското новинарство, но и во нашата редакција. Беше омилен колега и уредник, секогаш подготвен да помогне. Сите […]