fbpx

Ќе ѝ помогнам, ама ќе бидам несреќен: Познатиот македонски водител проговори за ќерката

Антониот Димитриевски, уредникот на порталот „Вистина“, даде искрено интервју за „Репортер“ во кое освен за предизвиците кои му ги носи професијата, зборува и за приватниот живот.

Познатиот македонски новинар и водител препознатлив по проектите „Шоуто мора да продолжи“, „МАРС“ и „12 Величествени“ ретко зборува за семејството, но овојпат направи исклучок.

„Со мојата сопруга сме излегувале на исти места и така почна нашата љубов, иако таа знаеше кој сум и пред да се запознаеме“, раскажува тој.

Поранешниот музичар кој беше во првиот состав на култнуот скопски бенд „Меморија“ открива и дека ќерката тинејџерка ја наследила неговата дарба за пишување.

„Има осет за литература и Македонски јазик, тоа ѝ лежи. Искрено, не би сакал да биде во овој еснаф. Ако сепак реши да се занимава со јавна професија максимално ќе ѝ помогнам, ама ќе бидам и максимално несреќен заради нејзиниот избор“, искрен е тој.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Следни Објави

Се огласи мајката на Боки 13: Важна порака!

Осудениот македонски шоумен и биснисмен Бојан Јовановски познат како Боки 13 денеска наполни 36 години. По тој повод на социјалните мрежи се огласи неговата мајка, а нејзината емотивна честитка наиде на стотици лајкови и коментари. „На денешен ден 1986-та во 17:20 го родив мојот син единец Бојан. Денеска го прославува […]