fbpx

Мајка си го пронајде синот (12) обесен: Даниела во шок, детали за трагедијата

Дванаесетгодишно момче од Доњи Добриќ во близина на Лозница неодамна се обеси во семејната куќа, а сега се познати и деталите за трагедијата.

И.Н. се вратил од училиште во вообичаеното време. Неговата мајка го замолила нешто да ѝ донесе од поткровјето.

„Како и секогаш ме послуша без приговор. Кога сфатив дека го нема веќе подолго време, тргнав по него и ме дочека ужасна сцена. Мојот син висеше на јаже. Да не даде Бог ова да ѝ се случи на ниту една мајка. Помислив дека срцето веднаш ќе ми откаже“, неутешна раскажува мајката на детето.

Даниела.Н. почнала хистерично да вика, а кога соседите сфатиле за што се работи веднаш повикале брза помош. Лекарите половина час се обидувале да го реанимираат момчето, но, за жал, било предоцна.

Српските медиуми пишуваат за уште еден немил настан во истото семејство. Пред една година исчезнал три години помладиот брат на покојникот. Го барале речиси два дена, во потрагата се вклучиле и мештаните, а на крај го пронашле стуткано како спие во сеното покрај куќата.

Даниела и нејзиниот сопруг имаат уште три деца. Живеат од дневница, а соседите велат дека се мирна и вредна фамилија.

Фото: В.Митриќ

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ќе ѝ помогнам, ама ќе бидам несреќен: Познатиот македонски водител проговори за ќерката

Антониот Димитриевски, уредникот на порталот „Вистина“, даде искрено интервју за „Репортер“ во кое освен за предизвиците кои му ги носи професијата, зборува и за приватниот живот. Познатиот македонски новинар и водител препознатлив по проектите „Шоуто мора да продолжи“, „МАРС“ и „12 Величествени“ ретко зборува за семејството, но овојпат направи исклучок. […]