fbpx

Остави жена и две деца: Ваква трагедија никој не очекуваше

Страшна сообраќајна несреќа се случи во српскиот град Руменка. Загина полицаец на мотор при потера по пијан возач.

Станува збор за 36-годишниот Божидар Копривица, вработен во полициската управа во Нови Сад, сопруг и татко на две малолетни деца.

Според првичните информации, Божидар со полициски мотоцикл со ротација бркал возач кој не сакал да застане на знакот „стоп“, а за кој имал сомнение дека е во алкохолизирана состојба.

Во еден момент налетал на автомобил „пежо“ кој излегувал од паркингот на улицата. Полицаецот удрил во совозачката врата и починал на лице место. Возилото го управувала жена, која не го видела полицискиот мотоцикл како доаѓа кон неа, иако бил со запалени ротациски светла и сирена.

Истрагата е во тек, а засега не се знае дали полицијата го фатила возачот кој го бркал настраданиот полицаец.

Фото: Инстаграм

Следни Објави

Какво зимање, ѝ се ближи крајот.. Потресно сведоштво за пациентка во „8 септември“

Да се пожалам и да ве известам. Многу лошо искуство од пулмологија 8ми септември. Моја блиска личност беше болна од корона со првиот бран, лежеше во болница, ја спасија, но многу ѝ се оштетија белите дробови и ѝ се намали капацитетот на работа на нив. Две години примаше терапии (спрејови), […]