fbpx

Тамара во прегратка на Сашо, меѓу гостите и Бети Канческа: Весело друштво на мекици кај Мијалкови

Постариот син на Сашко Мијалков пред четири дена стана татко, а сега фамилијата конечно ги собра блиските роднини и пријатели на мекици.

Фотографии од настанот сподели и поп-ѕвездата Тамара Тодевска, а од истите можеме да заклучиме дека на едно место се собрало навистина интересно друштво.

Пејачката, инаку блиска пријателка на новопечените родители, на една од сликите позира во прегратка на гордиот дедо, поранешниот шеф на УБК кој го чека издржување на тригодишната затворска казна во струшкиот затвор.

Тамара реобјави уште една интересна фотографија на која е во друштво на стилистот Сретен Костиќ, ќерката на бизнисменот Трифун Костовски, Олга Костовска, и поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска.

Која е снаата на Мијалкови, можете да прочитате ОВДЕ!

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Почивај во мир, драга: Биљана Секуловска скршена од болка

По кратко боледување, утрово во Скопје на 63-годишна возраст почина долгогодишната новинарка Гордана Стошиќ, објави Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Информацијата за нејзината смрт ги затекна нејзините поранешни колеги кои со емотивни зборови се простуваат од неа на социјалните мрежи. Меѓу нив и познатата новинарка и колумнистка Биљана Секуловска. […]