fbpx

Трајковски прогнозира нов сој и пострашни бројки: Еве кога!

Продолжува очекуваното експоненцијално намалување на дневните броеви на нови случаи, после максимумот постигнат на преминот од јули во август.

Всушност, неприродното вдлабнување на зелената линија (седумдневната подвижна средина) во првите денови на август, кажува дека максимумот најверојатно се случил токму за време на празникот, но малиот број на тестирања поради големата раздвиженост на населението тоа не го потврдил.

Како и кај сите бранови, намалувањето на бранот временски трае за околу 50% подолго отколку искачувањето, а црвената линија на експоненцијалната регресија на првиот дијаграм приближно ни го дава темпото на намалување на просечните дневни бројки во наредните две недели.

Дијаграмот на втората слика ги прикажува резултатите од нумеричката симулација – решенијата на диференцијалните равенки на динамиката на епидемијата според SIR моделот (Susceptible – Infected – Recovered), за следните две недели. Формите на кривите зависат од претпоставената вредност на ефективниот репродукциски број Rt, којшто во ова сценарио е земен Rt=0,95. Всушност, никогаш не се знае кое сценарио ќе се оствари, затоа што со почетокот на учебната година можно е преносливоста да се зголеми, а со тоа да се забави намалувањето на бројот на нови и активни случаи, како и израмнувањето на кривата на вкупниот број на случаи.

Во секој случај, во текот на целиот месец септември можеме да очекуваме над 100 нови случаи дневно. Во подоцнежните есенски месеци можно е бројките да престанат да се намалуваат, а со доаѓањето на зимата или со пристигнувањето на подсојот BA2.75 на омикрон сојот, бројките во ноември или декември можат одново да започнат да растат. Се чини дека сме навлезени во деценија на корона вируси, па иако се очекува смртноста да се намалува, секоја година по еднаш или два пати можеби ќе гледаме помали или поголеми бранови на нови случаи.

Од интересното се истакнува стапката на позитивни тестови (на дијаграмот на следната слика), којашто во овој бран постави рекорди од почетокот на епидемијата. Седумдневниот просек извесно време се движеше околу 45%, додека во некои денови таа надмина и 60%. Ова само покажува дека се прават екстремно малку тестирања, односно дека се тестираат само лицата со јасни симптоми на ковид, заради започнување со лекување.

На полето на смртноста се забележува дека врвот се уште не е достигнат (портокаловата линија на четвртиот дијаграм). Во овој бран, на подсојот BA5 на корона вирусот, забележуваме дека е пролонгирано времетраењето од дијагностицирањето до хоспитализирањето, како и од дијагностицирањето до смртниот исход. Тоа е индикатор на побавниот и поблагиот тек на болеста. Ако порано врвот на смртните случаи настапувал околу 15 дена по врвот на новозаразувањето, сега временското поместување изнесува околу 20 дена.

Кај хоспитализациите доцнењето исто така е зголемено, од една на две недели. Сината линија на дијаграмот на петтата слика ни покажува дека ни хоспитализациите се уште не го достигнале својот врв, иако врвот на дневниот број на нови случаи се случил уште околу 01.08.2022. Заклучно со неделата, 14.08.2022 во сите болници имало 199 хоспитализирани, со тенденција оваа бројка да достигне максимум на почетокот од следната недела. Неколку дена подоцна би требало да помине и врвот на бројот на смртните случаи, којшто моментално изнесува просечно 4 починати дневно (портокаловата линија на четвртиот дијаграм).

Големиот број на заразени во овој бран не беше следен со голем број на починати, односно стапката на леталитет, којашто моментално изнесува под 0,70%, е повеќе од двојно пониска отколку за време на јануарскиот бран на подсојот BA1 на омикрон сојот и речиси за 6 пати пониска отколку за време на претходните соеви (вуханскиот, алфа и делта сојот), кога починаа најмногу луѓе.

Сегашниот леталитет од 0,6% – 0,7% е само двојно повисок од леталитетот на сезонскиот грип, што според нашите здравствени власти е главниот фактор за максималното релаксирање на мерките.

Фејсбук-статус на проф. Дејан Трајковски

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Тага! Естрадата завиена во црно, почина Златко (ФОТО)

Неверување и шок, уште еден живот прерано згасна Младиот пејач од Мачковац, Златко Живадиновиќ, денеска им подлегна на повредите со кои се здоби во сообраќајната несреќа во Крушевац. Пред една недела тој беше прегазен на пешачки премин од автомобил управуван од жена која наводно била во тешка алкохолизирана состојба. Пејачот […]