fbpx

Самарџиќ проговори за болеста: Долго не бев свесен што ми се случува

Со лекарства ја држи под контрола

Од тироидната (штитна) жлезда често заболуваат жени, но и мажите не се поштедени од таканаречениот Хашимото синдром. Затоа се случува со месеци да имаат симптоми, без да им биде одредена вистинската дијагноза.

Токму ова му се случило на Жељко Самарџиќ.

„Се работи за автоимуна болест која создава повремени проблеми. Откако почнав со редовни терапии, се’ е во ред. Секое утро пијам по едно апче. Ова заболување воглавно се јавува кај жени, но ете и мене ми се случи, па се носам со истото како што знам и умеам. Подоцна дознав дека доста мои пријатели имаат Хашимото синдром кој јас сум го имал веќе подолго време без притоа воопшто да знам“, објаснува популарниот пејач.

Оваа состојба настанува кога имуниот систем ја напаѓа тироидата, малата жлезда во вратот под Адамовото јаболко. Таа произведува хормони значајни за многу функции во телото. Личноста која боледува од Хашимото синдром обично добива на тежина, страда од тежок умор, косата и кожата стануваат исклучително суви. Пациентот има проблем со концентрација, а најистакнат симптом е депресијата.

За среќа, Хашимото лесно се лекува, но ако пациентот не се придржува до терапијата, можни се разни срцеви заболувања, па дури и инфаркт.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Тага! Познатиот актер почина на 49 години, ја загуби битката со ракот

Јоан „Џон“ Кинг, ѕвездата од хит-серијата „Спартак“ почина на 49-годишна возраст, девет месеци откако му беше соопштено дека има рак. Омилениот телевизиски јунак почина од аденокарцином кој со голема брзина му се прошири на панкреасот и на другите органи, информираат светските медиуми. Актерот од Нов Зеланд го играше гладијаторот Раскос […]