fbpx

Тага! Познатиот актер почина на 49 години, ја загуби битката со ракот

Јоан „Џон“ Кинг, ѕвездата од хит-серијата „Спартак“ почина на 49-годишна возраст, девет месеци откако му беше соопштено дека има рак.

Омилениот телевизиски јунак почина од аденокарцином кој со голема брзина му се прошири на панкреасот и на другите органи, информираат светските медиуми.

Актерот од Нов Зеланд го играше гладијаторот Раскос во мегапопуларната франшиза.

Неговиот колега од серијата, Ману Бенет, напиша емотивна посвета на „Инстаграм“.

„Џон во Спартак првично беше ангажиран како статист, но неговата моќна појава и секогаш позитивниот став меѓу колегите му ја донесе улогата на Раскос. Секогаш ќе го паметам по неговата насмевка и искрата во очите кога секојдневно ни посакуваше добредојде на сет, пружејќи ја неговата гладијаторска рака и кога со неговиот длабок глас ќе ме наречеше брат“, напиша тој.

Кинг последен пат ѝ се обрати на јавноста само неколку дена пред да почине, споделувајќи видео од семејниот ручек со мајка си и сестра си.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Џеј Ло вторпат се омажи за Афлек: Венчаницата остава без здив, една работа ги изненади сите (ФОТО)

Џенифер Лопез и Бен Афлек вчера го изговорија судбоносното „ДА“ по вторпат, а церемонијата наликуваше на бајка Латино-дивата Џенифер Лопез и холивудскиот актер и филмаџија Бен Афлек вчера се венчаа во нивната вила во Џорџија. Двојката за која изминатиов период светските медиуми не престанаа да пишуваат, направија гала-прослава за своите […]