fbpx

Не можам да поверувам дека те нема: Почина Нина, другарка ѝ Јасмина со потресни зборови

Нина Ниќифоровиќ е девојката која вчера загина откако автобус на „Север Транс“ од Сомбор се преврте кај Лесковац.

Патниците во возилото биле туристи кои летувале во Грција, а Нина била водич на групата, инаку вработена во една новосадска туристичка агенција.

Другарите на настраданата се во шок и не може да поверуваат дека неа повеќе ја нема.

„Страшна вест, многумина кои ја познававме не можеме да ја прифатиме оваа трагедија. Сочуство до родителите и до сестра ѝ. Огромна тага. Не знам толку убави зборови за да ја опишам Нина и нашето пријателство“, изјави другарка ѝ Јасмина скршена од болка.

Сообраќајната несреќа во која загина Нина се случила вчера околу 5 часот наутро. Патниците во автобусот кои се враќале од Грција биле од Нови Сад и од Белград.

Повредени се 27 лица. Заега нема информации која е причината за несреќата.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Земам пензија од 12.064 мајчини денари. Не смеам да напишам македонски оти..

ПИСМО ДО МОЕТО НЕПОЗНАТО ДРУГАРЧЕ! ЕДНАШ СЕ ЖИВЕЕ! Драго мое непознато другарче, кога слушнав дека ни нема спас, како совесен граѓанин на оваа држава, решив да направам план за одолговлечување на судниот ден. Односно да не му дозволам на ѓаволот да дојде по своето и да рече game over! Да […]