fbpx

Самохрана мајка на шефицата ѝ донира бубрег.. Ваков пресврт никој не очекуваше

Дебора Стивенс, 47-годишна самохрана мајка на две деца, одлучила да ѝ подари бубрег на својата шефица која веќе подолго време чекала трансплантација од непознат донор.

Деби и нејзината претпоставена, 61-годишната Џеки Брус, се запознале додека работеле во компанијата „Атлантик Аутомотив Груп“ која продава автомобили во Њујорк.

По оперативниот зафат, Стивенс морала да остане на боледување повеќе од еден месец поради оштетени нерви при интервенцијата. Шефицата, онаа иста жена на која ѝ го спасила животот, наеднаш почнала лошо да се однесува со неа.

„Не можеш да одиш дома кога ќе посакаш. Луѓето ќе помислат дека имаш привилегиран статус во фирмата“, наводно ѝ порачала шефицата која бргу потоа ѝ врачила отказ.

Дебора останала без зборови по оваа одлука. Таа сега планира да ја тужи компанијата, но и поранешната шефица поради дискриминација.

„Беше моја претпоставена и ја почитував. Не сакав да умре. Ова е многу болно искуство за мене“, вели Стивенс.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Милијардер со македонски корени: Кој е Тони, вереникот на славната Симона?

Поранешната најдобра тенисерка во светот, Симона Халеп, лани во септември му кажа „ДА“ на милијардерот Тони Јуруч. Славната 30-годишна Романка со македонско влашки корени ја испочитува семејната традиција да се омажи за партнер со исто потекло. Тони Јуруч (43) е исто така влав по потекло од Македонија, сопственик на повеќе интернационални […]