fbpx

Потресна сцена: Тага по смртта на младиот Славе Петков (ФОТО)

Лозари живеат вечно, со огромен транспарент порачаа навивачите на „Тиквеш“ на последниот натпревар на фудбалскиот клуб од Кавадарци, одавајќи му почит на прерано починатиот Славе Петков.

„Царство небесно Бог нека ти дари, твоето име вечно ќе се слави!“, напишаа тие на нивната официјална фејсбук-страница „Лозари Исток Кавадарци“.

– Солзи од радост и неверување. Враќањето на прволигашкиот фудбал во Кавадарци беше емотивен за сите нас кои оставивме дел од нас по селата и градовите каде играше Тиквеш. Една година подоцна, повторно солзи на Исток, но овој пат од тага и некое глупо чувство на празнина и неверување дека го нема Славе во организацијата и на трибината. Трагот што остана во срце е знај, ова е премалку за крај! Вечна ти слава Славе! – порачаа тие пред неколку дена.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Димче приведен на железничка во Скопје: Ќе се згрозите кога ќе ја слушнете причината

Замислете бев, приведен и малтретиран денеска на железничка во Скопје затоа што сакавме да се качиме на воз со миленик!!! Моето патување од Скопје до Велес се претвори во пекол, поради тоа што се решив да патувам во возот заедно со уште еден активист и со нас да носиме кутре […]