fbpx

Димче приведен на железничка во Скопје: Ќе се згрозите кога ќе ја слушнете причината

Замислете бев, приведен и малтретиран денеска на железничка во Скопје затоа што сакавме да се качиме на воз со миленик!!! Моето патување од Скопје до Велес се претвори во пекол, поради тоа што се решив да патувам во возот заедно со уште еден активист и со нас да носиме кутре кое има медицинска потврда дека е куче помошник.

Со возот во 14 часот се качивме, не симнаа, изговор им беше што не ја носевме медицинската потврда со нас. Се буневме, ни повикаа полиција, не држеа пола час полицајците, имаше закани дека ќе не приведат и слични работи.

Помина тоа, ги истрпевме полицајците некако, отидовме ја земавме медицинската потврда, се вративме да го фатиме другиот воз во 20 часот. На тој воз исто се случи, иако имавме медицинска потврда и маска за кучето, бевме уште погрубо пречекани од алкохолизирани кондуктери и повикано пак полиција која не’ исфрли од возот со се’ сите работи и со кучето.

Дојдоа замислете 8 полицајци, се собраа десетина кондуктери кои не напаѓаа вербално дека сме биле кучкари и дека во македонски железници никогаш немало куче да се вози. Замислете кај живееме. А ние бевме јас, уште една активистка и дете од 17 години!!!

Значи во оваа држава ако немаш пари за кола, не можеш миленичето да го носиш никаде!!! Ова мора да се смени и затоа повикувам на протест сите со кучињата да им отидеме таму да ги блокираме и да видат дека насилието на Македонски железници над животните не може да им помине!!!

Фејсбук-статус на Димче Ацков

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Македонија гневна по смртта на младиот Јован: Обвинуваат за лекарска грешка

Берово завиено во црно, ќе одговара ли некој? Нова трагедија ги вознемири македонските граѓани. Вчера починал младиот Јован Димовски, наводно по интервенција на заб во штипската болница. Негови блиски роднини и пријатели видно вознемирени од загубата, на социјалните мрежи масовно го искажуваат својот револт и обвинуваат за лекарска грешка. „Само […]