fbpx

Македонската естрада тагува: Почина познатиот пејач

Почина пејачот Фазли Луик, познат интерпретатор на народни и новосоздадени македонски песни.

Охриѓанецот кој живееше во Мелбурн е најпознат по нумерите „Стара тажна липа“, „Не ме дочека“ и „Се враќам граду“.

Колегите со емотивни зборови се простуваат од Луик кој порасна во музичка фамилија. Пепи Бафтироски му беше вујко, а авторот на легендарниот хит „Бисер Балкански“, Хилми Билбил, му беше братучед.

„Живеам тука со сопругата, со децата и со моите внуци, а со мислите секој ден шетам по охридските сокаци и улици. И затоа во моите песни најмногу доминира љубовта кон Охрид и езерото“, изјави Фазли пред две години за „Публицитет.мк“.

Фото: Принтскрин Јутјуб

Следни Објави

Неочекуван пресврт! Ова е вистината за починатиот Јован, д-р Ивановски со јасна порака

Пред некој ден сите не затекна веста за прерано згаснатиот живот на момчето од Берово поради компликација од инфекција од забно потекло т.н. одонтогена инфекција. Нека почива во мир! Многу одамна немам пишувано статуси, меѓутоа поради бројните бесмислени факти и непотребните напади кон целата фела кои ги прочитав низ медиумите […]