fbpx

Почина сосема ненадејно: Македонија тагува

Тажна вест

Сосема ненадејно, на 71-годишна возраст почина Борче Филчев, соопшти Кошаркарската Федерација на Македонија.

Филчев беше составен дел на женскиот кошаркарски клуб Бадел 1862-Скопје цели 35 години, од кои последните десет повеќе од успешно ја извршуваше претседателската функција.

„Со своето работење, организаторски способности и посветеност кон клубот, во значителна мера придонесе за успесите на популарните „баделки“, пишуваат од Федерацијата.

Под негово раководство клубот освои шест шампионски титули, четири трофеи во Купот на Македонија и пехарот за освојувачот на Суперкупот на Македонија.

Фото: Фејсбук

Следни Објави

Македонската естрада тагува: Почина познатиот пејач

Почина пејачот Фазли Луик, познат интерпретатор на народни и новосоздадени македонски песни. Охриѓанецот кој живееше во Мелбурн е најпознат по нумерите „Стара тажна липа“, „Не ме дочека“ и „Се враќам граду“. Колегите со емотивни зборови се простуваат од Луик кој порасна во музичка фамилија. Пепи Бафтироски му беше вујко, а […]