fbpx

Прво плаќаме струја, па за леб ако остане: Советник од Гевгелија со отворено писмо до министерот Бектеши

Министре Крешник Бектеши, Ви се обраќам ко советник во Општина Гевгелија, а инспириран од вашето успешно решение на проблемот со струјата во Арачиново. Ова го правам затоа што и ние во Гевгелија имаме проблем со струјата.

Конкретно, Гевгелија пие вода од бунари. Водата од бунарите се вади со пумпи кои работат на струја, а кои се надлежност на Јавно претпријатие за комунални дејности “Комуналец” – Гевгелија. Како што знаете цената на струјата драстично се покачи. Според сегашното раководство на Претпријатието, тоа не е способно да ги плати сметките за струја. Според нив опциите се или да останеме без Претпријатието, кое покрај довод ги дава и сите други јавни услуги во Општината, или да се покачи цената на услугите.

Во Гевгелија луѓето редовно си плаќаат сметки. Нема загуби од 80 проценти или загуби од околу 6 милиони евра годишно во струја. Нема да ви се верува, но некогаш прво сметки плаќаат, па после прават математика дали има за леб. И сето тоа, сега за мое неверување, без ни да помислат да ги запалат локалната и централна власт.

Никола сподели сметка за струја: Македонските граѓани во шок

Во таква ситуација, само Вие ми доаѓате на ум како некој кој е способен да го реши случајот и да не извади од оваа агонија имајќи го предвид случајот со Арачиново.

„Да вложиме максимални напори да заштедиме струја, да го заштитиме семејниот буџет и да не ја влошиме состојбата со енергетската криза“. Ова го кажавте во контекст на решавањето на проблемот во Арачиново.

Да го примениме ова истово и во Гевгелија со тоа што тука на сето погоре од вас цитирано ќе додадеме и решение на идна криза со водата за пиење, собирање и одлагање на отпад, чистење на Општина Гевгелија и што уште не.

Кој би рекол? Најмалиот апарат во домот ја „цица“ струјата: Исклучете го навечер, сметката ќе ви се преполови

Работата е опасна. Дадете му уверение на снабдувачот со електрична енергија како што тоа го сторивте со ЕВН во Арачиново, па да ни замижат за сметките на Претпријатието за да не останеме првенствено без вода. Или пак дајте некое милионче парична помош како што тоа се прави за Арачиново за да го заштитиме семејниот буџет. Или пак нешто трето. Верувам во Вашата докажана способност.

Кога веќе централната власт се меша во ова, за детали на проблемот може совет да ви дадат двете колешки од владината коалиција, а сега пратенички во Собранието кои се избрани од ИЕ 4, Марија Костадинова и Драгица Ѓавочанова. Ако се решите за уверување кон снабдувачот на струја, заедно повеќе ќе ви тежи уверувањето.

Со почит,
Саше Јанчев
Советник во Општина Гевгелија

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Македонија тагува: Тешка несреќа се случи

Тешка несреќа се случила денеска околу 11 часот на влезот во железничка станица Миравци-Гевгелија, откако воз удрил во автомобил. Едно лице загинало, информираат од СВР Струмица. Товарен воз кој сообраќал од Трубарево кон Гевгелија удрил во автомобил „опел вектра“ со гевгелиски регистарски таблички управувано од Р.И. (76) од валандовското село […]