fbpx

За овој политичар тајно се омажи: Кого љубеше Драгана Мирковиќ пред Тони? (ФОТО)

Пред да се заколне на вечна љубов со Тони Бијелиќ, беше во долгогодишна врска со естраден менаџер и политичар

На врвот од популарноста, Драгана Мирковиќ љубеше еден друг бизнисмен кој се бавеше и со политика, а на фолк-ѕвездата не ѝ беше само момче, туку и нејзин менаџер.

Станува збор за Зоран Башановиќ кој во едно интервју од 2010 година откри дека не е повеќе во контакт со Драгана, но и призна дека во една прилика тајно се венчале.

„Многу време поминувавме во странство. Кога не работевме, гледавме да отпатуваме што е можно подалеку, бидејќи единствено таму имавме раат. Постојат туристички венчавки на далечни дестинации и острови каде луѓето се земаат на шега. Така направивме и ние во една капела во Лас Вегас, по примерот на многу познати двојки, но таа венчавка никаде не е заведена и не важи. Ете така Драгана се омажи за мене“, откри Башановиќ кој имаше кратка романса и со нејзината колешка Мира Шкориќ.

Мирковиќ се омажи за Бијелиќ во 2000 година без големо медиумско внимание. Двојката има две деца, ќерката Мануела и синот Марко.

Фото: Инстаграм/Принтскрин Јутјуб

* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Важно! Прочитајте веднаш! Заборавете на ковид, нè чека нешто многу пострашно

Големи се шансите уште еднаш во животот да се соочиме со пандемија како оваа со коронавирусот, тврдат научници Сојот омикрон не е првата мутација на Ковид-19 која предизвика реакции и различни стратегии ширум светот. Сепак, кога пред некое време беше откриен, изгледаше како да се враќаме на почеток: паника, откажани […]