fbpx

Се огласи таткото на македонското чудо од дете: Важна порака!

Таткото на Македон Димитровски, македонското чудо од дете за кое јавноста дозна неодамна, вчера со емотивен статус на социјалните мрежи ја изрази својата разочараност од институциите, како што вели на денот кога неговиот син освоил нов медал по математика, но се соочил и со голем пораз од државата.

„Пред неколку месеци кога Македон ги освои првите златни медали по математика, бевме повикани во министерството за образование на прием кај министерот. Таму бевме дочекани со сите почести, многу сликање, поклони ранец и книги за Македон и најважното-многу ветувања. Прво, дека ќе се среќаваме еднаш месечно за да видиме како напредува Македон и на кој начин тоа да се артикулира“, ја започнува својата исповед Владимир Димитровски.

Вели дека од страна на министерот било ветено дека ќе стапат во контакт со сите големи амбасади за да и тие помогнат во процесот на едукација на Македон. Им било ветено дека ќе се формира и комисија што ќе направи програма за надарени деца.

„Ни беше кажано дека има потенцијални спонзори кои сакаат да останат анонимни, да финансираат неограничени средства во школувањето на Македон и уште многу други работи.. И сега после неколку месеци, покрај многуте повици од наша страна до истото тоа министерство, конечно ни кажуваат дека сето тоа било една голем фарса и дека од сето тоа што го ветиле нема ништо. Ни кажаа дека амбасадите не можеле да ги контактираат на соодветно ниво, туку во неформални контакти биле незаинтесирани, дека спонзорите одеднаш станале незаинтересирани, а државата не може да инвестира во ваков тип на образование. Со еден збор, добивме едно големо НИШТО на денот кога Македон го доби третиот медал по математика, замислете на светско ниво. Што треба едно дете со таков IQ и со такви успеси да направи за да добие поддршка од државата“, се прашува на крај таткото на Македон.

Македон Димитровски е второодделенец во тетовското училиште „Лирија“. Иако има само седум години, решава математички задачи од втора година средно. Неодамна се уверивме дека меморијата на Македон е на завидно ниво. Тој течно зборува англиски, а моментално учи и германски, грчки и кинески јазик.

Фото: Фејсбук

Следни Објави

Шок и неверување! Се самоубил ученик од Корчагин: Причината е бизарна

Еден ученик од скопската гимназија „Корчагин“ се самоубил, тврди во својот последен статус Мимоза Ристова. Таа пишува дека средношколецот ги земал оценките и си пресудил. Нејзината објава која предизвика жестоки коментари на социјалните мрежи ви ја пренесуваме во целост.. ЕДЕН УЧЕНИК ОД ГИМНАЗИЈА КОРЧАГИН СИ ГО ОДЗЕМА ЖИВОТОТ – ТАГА […]