fbpx

Шок и неверување! Се самоубил ученик од Корчагин: Причината е бизарна

Еден ученик од скопската гимназија „Корчагин“ се самоубил, тврди во својот последен статус Мимоза Ристова.

Таа пишува дека средношколецот ги земал оценките и си пресудил. Нејзината објава која предизвика жестоки коментари на социјалните мрежи ви ја пренесуваме во целост..

ЕДЕН УЧЕНИК ОД ГИМНАЗИЈА КОРЧАГИН СИ ГО ОДЗЕМА ЖИВОТОТ – ТАГА НЕВИДЕНА (ги земал оценките и си пресудил)

1. МОН и Образовен инспектор веднаш да преземе вонреден инспекциски надзор (ама сериозен). Да ги анкетира учениците и да го лоцира проблемот со помош на експерти по психологија). Постојат професори кои им прават булинг и мобинг на учениците, им ја разнишуваат самодовербата и ги носат во очај и смрт. Во сите гимназии има вакви гадни ликови кои треба да се отстранат, Во нашава држава ученици и родители се плашат да пријавуваат, зашто знаат дека никој ништо нема да преземе за да ги заштити, туку напротив, ги чека освета од гадот/гадурата кој/која на нив лечи лични фрустрации.

2. Анкетирањето да се спроведе по другите гимназии за да се лоцира потенцијалниот причинител на ученичка смрт, за да се превенира.

3. Да се организира обука за професорите за да се научат како да се однесуваат со адолесцентите кај кои депресиите се покачени за огромен процент поради Ковид-пандемијата.

Оваа жална вест нека ги покрене механизмите, ако постои некаква држава наместо мафијашка усмрдена баруштина.

Моето најдлабоко сочувство до родителите.

Следни Објави

Македонски професор сурово искрен: Сликајте ги свидетелствата, после трчајте по партии..

Сликајте ги свидетелствата и кажувајте и на јавноста колку Вашите деца се совршени, после трчајте по партии за вработување или клепајте пред конзулати и амбасади! Не заборавајте дека 5-ките се само бројки и не содвестуваат на реалното знаење или ментална слика на ученикот. Им набивате лажен комплекс на децата да […]