fbpx

Холивудската дива има рак, објави порака која загрижува

Омилената актерка не се предава

Легендарната холивудска глумица Џејн Фонда со објава на „Инстаграм“ призна дека има рак.

Таа откри дека ѝ е дијагностициран нехоџкинов лимфом и дека оди на хемотерапија. Станува збор за помалку вообичаен вид на рак кој се развива во лимфниот систем.

„Овој вид на канцер се лекува, така што имам среќа“, напиша таа на социјалните мрежи.

Фонда својата состојба ја искористи и да пренесе важна порака доловувајќи го суровиот здравствен систем во САД.

„Среќна сум зашто имам здравствено осигурување и пристап до најдобрите лекари и третмани. Сфатив, што е болно, дека сум привилегирана поради тоа. Речиси секое семејство во Америка мора да се соочи со канцер во некој момент, а голем дел од нив нема пристап до квалитетна здравствена грижа и тоа не е во ред“, нагласи 84-годишната актерка.

Фото: Принтскрин Јутјуб

Следни Објави

Во шок сум, го препознавам син ми во него: Миа проговори за ученикот од Корчагин кој се самоуби

Не стивнуваат реакциите во јавноста откако ученик од скопската гимназија „Корчагин“ се самоуби, наводно поради врсничко насилство. Дека момчето се соочувало со „булинг“ објави и познатата новинарка Мирослава Симоновска која, сепак, подоцна го повлече статусот по барање на мајката на детето која побарала да биде почитувана нивната болка и жалост. […]