fbpx

Македонски професор сурово искрен: Сликајте ги свидетелствата, после трчајте по партии..

Сликајте ги свидетелствата и кажувајте и на јавноста колку Вашите деца се совршени, после трчајте по партии за вработување или клепајте пред конзулати и амбасади!

Не заборавајте дека 5-ките се само бројки и не содвестуваат на реалното знаење или ментална слика на ученикот. Им набивате лажен комплекс на децата да мислат дека се совршени и им одземате многу детски радости, обидувајќи се да се оправдаат пред Вас, а немоќни се.

Секое дете е небрусен дијамант, има талент и е совршено, треба родителот да го открие, поттикне, охрабри исто и наставникот кој ќе го подржи, насочи и образова. Да не се плаши детето ако добие 4 или помала оцена, невелам 1 оти кецот не постои повеќе освен кај Трајче, Ристе, Мефаил и Севѓул, маргинализирани ученици од пониски класи кои немаат можност да кренат тел.

Има деца чии родители се сиромашни, некои се разведуваат, отпуштен од работа, порок и сл. децата се повлекуваат попуштаат во учење, треба да им се помогне, поттик од соучениците, наставник, педагог, психолог..

Како можи сите одлични, а државата пропаст, толку паметен народ, а батал, некултурен, ѓубре насекаде искршени клупи, крлешки, секој ден пијани мочани, а толку совршени деца, љуби те мајка..

Немојте да се охрабрувате оти Вашето дете е мангуп или истепал некого, туку дека победило во спорт, натпревар на школо, писмена задача и сл.

Дајте им иднина сами да можат да функционираат, да бидат независни, да творат, заработуваат, сами да чекорат по патот на успехот и гледајќи ги да се гордеете!

Фејсбук-статус на Никола Аврамовски

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Тажен ден во Македонија! Ненадејно почина, нека му е светол патот

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, сподели тажна вест на социјалните мрежи. На 60-годишна возраст ненадејно почина македонскиот амбасадор во Германија. „Со длабока тага ја примив веста за смртта на амбасадорот Рамадан Назифи, актуелен Амбасадор на Северна Македонија во Берлин од 2019 година, амбасадор во Швајцарија од 2009 до 2013 […]