fbpx

Тажен ден во Македонија! Ненадејно почина, нека му е светол патот

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, сподели тажна вест на социјалните мрежи.

На 60-годишна возраст ненадејно почина македонскиот амбасадор во Германија.

„Со длабока тага ја примив веста за смртта на амбасадорот Рамадан Назифи, актуелен Амбасадор на Северна Македонија во Берлин од 2019 година, амбасадор во Швајцарија од 2009 до 2013 година и долги години во Министерството за надворешни работи како кариерен дипломат. Рамадан, со кого изградив лично пријателство, беше извонреден човек и дипломат и ќе остане запаметен од колегите во Министерството. Упатувам сочувство до семејството, пријателите и вработените во Министерството. Нека почива во мир!“, напиша министерот за надворешни работи на „Фејсбук“.

Назифи е роден во скопското село Радуша во 1962, а дипломирал француски јазик на Филолошкиот факултет во Скопје.

Фото: Фејсбук

Следни Објави

Холивудската дива има рак, објави порака која загрижува

Омилената актерка не се предава Легендарната холивудска глумица Џејн Фонда со објава на „Инстаграм“ призна дека има рак. Таа откри дека ѝ е дијагностициран нехоџкинов лимфом и дека оди на хемотерапија. Станува збор за помалку вообичаен вид на рак кој се развива во лимфниот систем. „Овој вид на канцер се […]