fbpx

Македонија тагува! Загинаа две млади момчиња: Ова се деталите за трагедијата

Осумнаесетгодишниот Матео, син единец во семејството Глигорови, и една година помладиот Симон Стаменков пред една недела загинаа во страшна сообраќајка во Италија.

Порталот „ММС.мк“ сега пренесува детали за трагедијата во која страдаа тие, инаку и двајцата по потекло од Виничко.

Несреќата се случила кога нивното фиат пунто директно се судрило со фолксваген голф, управувано од 46-годишен возач кој е со тешки телесни повреди. Матео и Симон починале на лице место, додека двајца нивни врсници кои исто така биле со нив во возилото завршиле во болница.

Како што напишаа италијанските медиуми, се’ уште не е комплетно јасно како се случила несреќата. Најверојатната хипотеза е дека возачот на пунтото, каде се возеле младите Македонци, изгубил контрола над автомобилот. Од извршените проверки од страна на истражителите, кај возачите на автомобилите наводно не е утврдено присуство на алкохол и дрога во крвта.

Повеќе детали прочитајте ОВДЕ!

Следни Објави

Естрадата во шок! Познатиот пејач свирепо убиен (ФОТО)

Познатиот рапер Пет Стеј им подлегна на повредите откако беше нападнат со нож во Нова Шкотска, Канада, пренесува „Дејли меил“. Од полицијата соопштија дека по нападот славниот музичар бил итно пренесен во болница, но дека лекарите биле немоќни. Засега не се познати мотивите за убиството. Само еден ден пред трагедијата, […]