fbpx

Почина кралицата Елизабета: Неверства и сериозни скандали, ова беа нејзините најголеми тајни

На 96-годишна возраст почина кралицата Елизабета Втора.

Една од најдолговечните монарси починала мирно во кругот на најблиското семејство, објави „Гардијан“.

За време на своето владеење, кралицата Елизабета Втора преживеа многу непријатни моменти, афери и секс-скандали.

Семејството често ѝ задаваше главоболки, но издржа буквално сѐ. Дури и прељуба на нејзиниот сопруг, принцот Филип.

Внукот Хари беше само капак на се’ кога ѝ ја соопшти одлуката дека се откажува од својата титула. Неколку дена подоцна доживеа уште една непријатност кога нејзиниот најстар внук Питер Филипс соопшти дека се разведува од својата сопруга, Канаѓанката Отaм Кели.

Елизабета Втора успеа да се избори со низата скандали кои се редеа низ годините, а Меган и Хари беа само последниот сериозен атак врз кралското семејство.

Циркусот со Хари почна уште пред осум години. Пред да се реализира како сопруг и татко, Хари беше лошото момче кое игра билијард на соблекување во Лас Вегас. Претходно беше фотографиран и во нацистичка униформа за која јавно се извини, правдајќи се дека тоа било костум и дека погрешил во изборот. Како 17-годишен тинејџер, Хари помина еден ден во центарот за одвикнување од зависности во Лондон, откако призна дека консумирал марихуана. Портпаролот на кралското семејство тогаш ѝ соопшти на јавноста дека Елизабета го пратила внукот на клиника за да се информира за последиците од консумирањето канабис. 

Свои „жолти минути“ имаа и принцот Вилијам со сопругата Кејт Мидлтон, особено кога францускиот магазин Closer објави топлес-фотографии со војвотката од Кембриџ. Кралската двојка 2017 година го тужеше магазинот кој мораше да исплати оштета од 118 илјади долари.

Голема афера имаше и принцот Ендрју во 2015 година кога Вирџинија Робертс тврдеше дека била присилувана на секс од негова страна кога имала само 17 години. Набргу тој се повлече од кралските должности. Но, тоа не е единствената драма поврзана со неговото име. Еден бизнисмен им откри на медиумите дека наводно ѝ платил 500 илјади фунти на Сара Фергусон за да му обезбеди состанок со нејзиниот тогашен сопруг Ендрју.

Фото: Принтскрин Јутјуб/Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Почина познатиот актер: Се огласија лекарите, никој не се надеваше на ова

Светот е во шок, имаше само 54 години Почина славниот комичар и телевизиски продуцент Дејвид Арнолд, соопшти неговото семејство. „Со огромна тага ја информираме јавноста дека умре нашиот сопруг, брат, татко и пријател. Дејвид почина во својот дом и лекарите ни рекоа дека е во прашање природна смрт“, пишува во […]