fbpx

Почина познатиот актер: Се огласија лекарите, никој не се надеваше на ова

Светот е во шок, имаше само 54 години

Почина славниот комичар и телевизиски продуцент Дејвид Арнолд, соопшти неговото семејство.

„Со огромна тага ја информираме јавноста дека умре нашиот сопруг, брат, татко и пријател. Дејвид почина во својот дом и лекарите ни рекоа дека е во прашање природна смрт“, пишува во официјалното соопштение на фамилијата.

Дејвид беше продуцент на хит-комедијата Fuller House која се прикажуваше на „Нетфликс“. На оваа платформа беа прикажани и неговите стендап специјални шоуа „Дебелата балерина“ и „Ова не е за слабички“.

Семејството, пријателите и колегите , како и целата јавност масовно се простуваат од Арнолд на социјалните мрежи.

„Беше исклучителен талент. Заслужуваше и повеќе од тоа што го постигна во шоубизнисот“, пишува во една од објавите.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Нивната љубов влезе во историја: Со еден потег кралицата Елизабета им го промени животот

Принцот Филип и кралицата Елизабета Втора беа во брак неверојатни 73 години. Тоа е најдолгиот брак во историјата на британското кралско семејство. Елизабета имала 13 години кога го запознала Филип, тогаш 18-годишен морнар. Се венчале осум години подоцна. Поради се’ уште свежите сеќавања на војната и силната одбивност кон Германците, […]