fbpx

Јулија и Јана останаа без мајка: Сите плачат за Марина, еве зошто беше толку посебна

Невладините организации од целиот регион се шокирани по смртта на 46-годишната Марина Радојиќиќ, успешна жена претприемач и голем хуманитарец.

На Марина, која вчера беше погребана во Чачак, кон крајот на 2019 година ѝ бил дијагностициран малигнен тумор на раката по што брзо била оперирана.

„Храбро се бореше до крај против злобната болест и сите ќе ја паметат како вечен борец со насмевка на лицето. Зад себе ги остави сопругот Дејан и ќерките Јулија и Јана“, коментираат нејзините блиски роднини и пријатели.

Уште во тинејџерските денови Марина почнала да работи во семејната компанија „Трго Југ“ која успешно ја водела со нејзиниот татко и со сопругот Дејан.

Отсекогаш сметала дека секоја фирма треба да биде општествено одговорна, па редовно донирала покуќнина и парични средства за ранливите групи.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Утре е тежок празник: Никако не правете го ова!

Секоја година на 11 септември се одбележува празникот посветен на погубувањето на Св. Јован Крстител. Во народниот говор се среќава под различни имиња: Св. Јован Сечиглав, Св. Јован Отсечен, Св. Јован Опсечен.. Поради значењето на овој светец, црквата овој ден го прогласила за строг пост. Иако Свети Јован е погубен […]