fbpx

Драма во кралското семејство: Нови шокантни детали!

Новата биографија за животот на Хари и Меган ќе открие низа скандали за славната двојка

Поранешната актерка е многу поинтелигентна од принцот, тој секогаш се согласува со сѐ што таа има да каже и очајно сака да ѝ удоволи на сопругата, вели Линда Колин Кембел.

Британската писателка која во 1992 година ја напиша една од најпродаваните биографии „Дајана приватно: Принцезата што никој не ја знае“, сега изнесе сензационалистички тврдења како најава за својата нова книга „Меган и Хари: Вистинска приказна“.

Линда наведува како војводата и војвотката од Сасекс „имаат цврст брак“, но Меган во таа заедница ги „носи пантолоните“ бидејќи нејзиниот сопруг е „маѓепсан“ од нејзе.

– Според мене, Хари е помалку интелигентен од Меган и мислам дека е толку маѓепсан да прави сѐ што ќе му се каже, без разлика колку тоа лошо и да изгледа – вели авторката.

Колин прогнозира дека Хари и Меган ќе имаат цврст брак сѐ додека војвотката има комплетна контрола во врската. Таа верува дека амбициите на Меган се да ја засени Дајана, но смета дека актерката погрешно ја протолкувала ситуацијата и дека популарноста во Лос Анџелес не ѝ тргнала така како што посакувала.

НА ИСТАТА ТЕМА:

Чарлс е манипулатор, многу поопасен од тоа што изгледа: Шокантни откритија за новиот британски крал

Писателката, исто така, верува дека Меган има политички амбиции. Сепак, според неа, Меган ја прокоцкала најдобрата прилика така што го напуштила кралското семејство.

– Знам дека војвотката од Сасекс има политички амбиции и кажано ми е дека еден ден ќе се кандидира за претседателка. Мислам дека сѐ работи плански, а Хари само го носи како своја придружба – директна е Линда.

Фото: Твитер/Ројал Фемили

Следни Објави

Тажен ден во Македонија, почина познатиот музичар: Замина на помирно место!

Тажен ден во Гевгелија По неколкумесечно тешко боледување, денеска на 64-годишна возраст почина гевгелискиот музичар Митров Јули, меѓу своите сограѓани познат како Јули ГАЊО. Освен по музиката и гитарата, гевгеличани го познаваа по човечката добрина, по срдечноста, по културното однесување и по услужливоста, пишуваат администраторите на фејсбук-страницата „Гевгелија Нет“. Гањо […]