fbpx

Тажен ден во Македонија, почина познатиот музичар: Замина на помирно место!

Тажен ден во Гевгелија

По неколкумесечно тешко боледување, денеска на 64-годишна возраст почина гевгелискиот музичар Митров Јули, меѓу своите сограѓани познат како Јули ГАЊО.

Освен по музиката и гитарата, гевгеличани го познаваа по човечката добрина, по срдечноста, по културното однесување и по услужливоста, пишуваат администраторите на фејсбук-страницата „Гевгелија Нет“.

Гањо беше дел од повеќе музички состави во Гевгелија, групата „Кан Кан“, свиреше на гостувањето на Маријана и Росана во Гевгелија, со Васил Ангов, Иљо Моински и со многу други музички уметници.

„Згаснаа денеска очите на Јули. Замина на помирно место каде болките исчезнуваат. Вечен спокој и незаборав!“, е наведено во емотивната посвета.

Следни Објави

Лепа Брена скршена од болка: Многу сум потресена..

На 81-годишна возраст почина легендарниот српски композитор Корнелије Ковач. Тажната вест на својот профил на „Инстаграм“ ја објави неговата ќерка, познатата кантавторка Александра Ковач, а причината за смртта е инфекција со коронавирус, потврди семејството. Корнечлије Ковач остави огромна трага на музичката сцена во поранешна Југославија. Неговите хитови кои ги снимија […]