fbpx

Сите брчки на лицето сум ги заслужила: Ени Ленокс одлучи да старее природно

Славната британска пејачка Ени Ленокс која во декември ќе наполни 68 години одлучи природно да старее.

Поранешна вокалистка на „Јуритмикс“ во нејзиното последно интервју повторно зборува за одржувањето на младешкиот изглед со ботокс кој го практикуваат многу нејзини колешки.

Зборувајќи за достоинствено стареење, Ленокс тврди дека никогаш не била на третман за подмладување со ботокс, ниту пак на фејслифтинг.

„Не ги осудувам жените кои одлучиле на таков начин да изгледаат нереално. Ако благодарение на козметичките третмани психолошки се постабилни, тоа е нивен избор. Имам 64 години и брчки, па што? Своите линии на лицето сум ги заслужила. Притисокот со кој се соочуваат жените секогаш да изгледаат совршено е преголем. Во овој стадиум од животот здравјето го сметам за најголем дар“, изјави пејачката пред неколку години за магазинот Good Housekeeping.

Фото: Инстаграм/Твитер

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Еве што се случувало ноќта кога кралицата починала: Принцот Хари во шок, татко му и брат му не го дозволиле ОВА!

Принцот Хари повторно навреден Британските медиуми објавуваат се’ повеќе детали за тоа што точно се случувало во замокот Балморал во текот на ноќта кога почина кралицата Елизабета. Бројни членови на најблиското семејство, меѓу кои и принцовите Вилијам, Хари и Ендрју, не стигнале на време да се простат со неа. „Сан“ […]