fbpx

Трагедија! Почина познатата актерка: Публиката ја обожаваше (ВИДЕО)

Почина актерката Гвинет Пауел, ѕвездата на Grange Hill, хит-серијата на Би-Би-Си.

Тажната вест ја потврди нејзиниот агент Метју Лејси кој откри дека глумицата починала „по компликација од оперативен зафат на дебелото црево“.

„Умре минатиот четврток во Брајтон. Почина мирно со најблиското семејство покрај неа. Многу ќе ни недостасува на сите кои ја обожававме“, напиша тој.

Пауел (76) беше најпозната по улогата на директорката Бриџит Мекласки помеѓу 1981 и 1991 година, а исто така имаше забележителна улога и во хумористичното шоу Man Down на Канал 4.

Во меѓувреме се огласи и Патриша Идалго, директорката на детската и образовна програма на Би-Би-Си.

„Многу ни е жал. Нејзиниот култен портрет на госпоѓа Мекласки е оној на кој со задоволство ќе се сеќаваат сите кои пораснаа со серијата. Нашите мисли се со нејзиното семејство во овие исклучително тешки мигови за нив.

Фото: Принтскрин Јутјуб

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Ја предвиде смртта на кралицата, напиша кога ќе почине и Чарлс: Луѓето во паника (ФОТО)

Твитот на Логан Смит стана вирален откако точно ја предвиде смртта на кралицата Елизабета на осми септември, со предупредување и за тоа кога ќе биде окончано владеењето на кралот Чарлс Трети Момче стана популарно на „Твитер“ откако точно ја предвиде смртта на кралицата, а исто така напиша и кога ќе […]