fbpx

Нова драма: Прицот Хари и Меган бесни на кралот Чарлс III, еве ЗОШТО!

По смртта на кралицата Елизабета, новиот монарх ќе ги именува децата на принцот Хари и Меган Маркл за принц и принцеза, но ним, наводно, нема да им биде доделен статусот Н.К.В. пишуваат британските медиуми.

Се очекува наследниците на војводата и војвотката од Сасекс, Арчи и Лилибет, во блиска иднина и официјално да станат принц и принцеза, бидејќи Чарлс се согласил да им ги додели титулите.

Сепак, после неколку тензични разговори со новиот крал, Меган и Хари наводно збеснале затоа што нивните деца нема да ја добијат и титулата Негово/Нејзино Кралско Височество.

Познатата двојка наводно е разочарана што ќерката на принцот Ендрју има таков статус (Н.К.В.) иако не е член на кралското семејство.

НА ИСТАТА ТЕМА:

Ја предвиде смртта на кралицата, напиша кога ќе почине и Чарлс: Луѓето во паника (ФОТО)

„Хари и Меган беа загрижени поради безбедноста на нивните наследници, бидејќи личностите со титули принц и принцеза имаат одредено ниво на гарантирана безбедност. Имаше многу полемики на оваа тема изминатите недели. Тие инсистираа Арчи и Лилибет да добијат титули, но сега се разочарани што истите се ограничени бидејќи не се членови на кралското семејство“, пишува „Дејли меил“.

НА ИСТАТА ТЕМА:

Нострадамус ја предвидел смртта на кралицата: Сега сите се плашат од ОВА што го најавил за Чарлс

Арчи и Лилибет имаат право на титула по смртта на кралицата Елизабета во согласност со правилата кои ги одреди кралот Џорџ V во 1917 година, а кои го ограничуваат бројот на кралски членови кои ја користат титулата Н.К.В.

Претходно Меган тврдеше дека на Арчи му е одземена оваа титула поради неговата раса.

Во меѓувреме, Меган и Хари престанаа да ги користат сопствените титули Н.К.В. откако се повлекоа од должностите во кралското семејство за да живеат „слободно“ во Лос Анџелес, иако и понатаму го користат својот статус за да заработат пари преку хуманитарната организација која ја основаа. Тие неодамна потпишаа и договор со продуцентската куќа „Нетфликс“ за снимање на разни емисии, документарци и играна програма.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Лудило! Ќе ве шокира последниот оброк на женка питон од 5,5 метри и 100 килограми (ФОТО)

Биолозите конечно ѝ го претставија на јавноста бурманскиот питон на Флорида долг 5,5 метри и тежок неверојатни 100 килограми кој беше уловен пред половина година. Станува збор за најголемиот примерок од овој вид кој некогаш бил уловен во оваа област. Животното е фатено во шума во округот Колиер, Флорида. Иако […]