fbpx

Горан пронајден мртов пред прилепската болница: Македонија на нозе, семејството ќе тужи

Прилепчанецот Горан Димески (51) утринава е пронајден мртов на клупа пред прилепската Болница, откако вчера, по едномесечно лекување на ампутираната нога во Болницата, бил исфрлен од установата, пишува „ТВ Алфа“.

Семејството на сега веќе починатиот Горан, кој инаку бил бездомник, обвинува за негрижа и најавува тужба против Болницата. Неговиот брат Зоран Димески видно вознемирен раскажува што се случило.

Лица кои му наликувале на бодигарди, дел во униформа, дел цивили, ги фрлиле ранците на неговиот брат и му порачале да го нема од болницата.

„Така го пуштија, како терминатор, од системи го симнаа и го пуштија надвор“, открива тој.

Бидејќи раната на ампутираната нога крварела и гноела, а имала и оток со болки, Зоран побарал лекувањето да биде продолжено. Но, кај службите во Болницата не наишол на разбирање и не му било дозволено повторно да влезат. По ова, тој побарал помош и од социјалните служби кои исто така процениле дека пациентот не е за домашно лекување. Ама, ни тоа не помогнало, па пациентот останал на една од клупите, со надеж дека некој ќе се смилува и повторно ќе го врати на Ортопедското одделение.

Кога видел Зоран дека нема да успее да го врати во Болницата, извадил документ, за Горан од денеска да биде сместен во Старскиот дом, иако раната не му била заздравена, а немал ни отпусна листа. Меѓутоа, утринава Горан бил пронајден починат на клупата каде што синоќа го оставил брат му. 

Во потрага по вистината, „ТВ Алфа“ ја контактира и другата страна. Од Болницата изјавиле дека на пациентот му била пружена сета потребна здравствена грижа, дури и подолго од што требало. Бил испуштен, бидејќи му завршило болничкото лекување, но добил препораки за понатамошно домашно лекување и преврски.

Телото е предадено на обдукција.

Следни Објави

Неочекуван потег на кралот Чарлс: Сине, извини..

Принцот Хари ќе ја носи својата униформа за време на бдеењето на кое ќе присуствуваат сите внуци на кралицата Елизабета. Војводата од Сасекс мораше да носи костум на поворката во среда, бидејќи ги загуби своите воени титули. Сепак, кралот Чарлс издал посебно одобрение за својот син Хари и дозволил тој […]