fbpx

(ФОТО) Елизабета за Елизабета: Сопругата на Пендаровски покажа зошто е модна икона

Првата дама во одлично стилско издание

Македонскиот претседател Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска денеска оддадоа почит на посмртните останки на Кралицата Елизабета Втора, пред утрешната погребна церемонија во Вестминстерската опатија.

„Дојдовме во Лондон за да оддадеме последна почит на Кралицата Елизабета Втора. Голема почит за децениите во служба на народот и за тоа што беше пример за лидерство, скромност и великодушност. Нека почива во мир“, напиша Пендаровски на својот официјален фејсбук-профил.

Дамите во црни дневни тоалети и со црна шапка, а господата во црни костуми, со црни вратоврски, налага строгиот дрес- код за утрешниот погреб на Елизабета кој според британските медиуми ќе биде прв државен погреб од ваков формат во Обединетото Кралство по тој на Винстон Черчил во 1965 година. 

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Сите очи вперени кон Кејт Мидлтон: Неочекуван потег на погребот на кралицата Елизабета

Сите мислат дека ова го направила за да ја изнервира свекрвата, а принцезата Дајана се наоѓа во центарот на драмата Кејт Мидлтон ѝ оддаде почит на Елизабета Втора заедно со останатите членови на кралското семејство, а на самиот настан големо внимание привлекоа обетките кои ги носеше. Принцезата од Велс очигледно […]