fbpx

Младата актерка загина на истото место како и Тоше Проески: Зборовите на мајка ѝ ги расплака сите

Популарната хрватска актерка Долорес Ламбаша која во 2013 година загина во страшна сообраќајка, годинава во март ќе наполнеше 41 година.

Почина кога беше најпопуларна. Глумеше во повеќе ТВ-новели, често ја ангажираа и како модел и редовно ја имаше на насловните страници.

Ламбаша со колегата Стојан Матавуљ се враќаше од Белград кога се случи несреќата.

Актерката која вниманието го привлекуваше со нејзиниот атрактивен изглед, животот го загуби на делницата од патот на која загина и легендарниот македонски пејач Тоше Проески.

Медиумите тогаш акцентираа неколку детали кои и денес звучат морничаво. И Долорес и Тоше се родени 1981 година, а и двајцата загинаа во октомври, споредија хрватските медиуми.

Ламбаша беше позната и по нејзините бурни врски, главно со постари мажи.

Јавноста најмногу ја памети нејзината романса со бизнисменот Јосип Радељак која траеше четири години.

Нејзината смрт го потресе целиот регион, а особено трогателна е пораката која мајка ѝ ја испиша на нејзиниот гроб. „Јас сум неуништлив дел од тебе проткаен со конци кои не’ врзуваат, поврзуваат и обврзуваат“, е посветата за неа.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Трагедија! Македонија тагува! Тешка несреќа се случи

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека утрово 60-годишен член на група од 18 планинари добил инфаркт и починал. Несреќата се случила додека групата се движела по планинска патека на повисоките делови од Кораб, на еден километар над полициската станица Стезимир. Случајот го пријавил планинар кој дошол до полициската […]