fbpx

Трагедија! Македонија тагува! Тешка несреќа се случи

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека утрово 60-годишен член на група од 18 планинари добил инфаркт и починал.

Несреќата се случила додека групата се движела по планинска патека на повисоките делови од Кораб, на еден километар над полициската станица Стезимир.

Случајот го пријавил планинар кој дошол до полициската станица зашто во таа област немало мобилно телефонско мрежно покривање.

„Блиску до местото на настанот пристигнало возило со двајца полицајци. Потоа, полицајците и групата палнинари продолжиле нагоре пеш за да се сретнат со планинарите, коишто го извлекувале човекот кој добил инфаркт, за да помогнат и надолу да го пренесат до теренското возило, а потоа и до можно место за превоз со медицинско возило, односно да се сретнат со возилото на Брзата помош. Во меѓувреме била информирана Брзата помош од Гостивар чија екипа со возила го пресретнала полициското возило. Но, за жал и при првиот контакт на терен во планината со спасителната група од полицајци и планинари и по прегледот од страна лекарската екипа од Брза помош, со која се пресретнале на патот каде можело нивното возило да се движи, е констатирано дека планинарот којшто добил инфаркт веќе бил починат“, информира ЦУК.

За случајот е известен надлежен јавен обвинител.

Следни Објави

(ФОТО) Елизабета за Елизабета: Сопругата на Пендаровски покажа зошто е модна икона

Првата дама во одлично стилско издание Македонскиот претседател Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска денеска оддадоа почит на посмртните останки на Кралицата Елизабета Втора, пред утрешната погребна церемонија во Вестминстерската опатија. „Дојдовме во Лондон за да оддадеме последна почит на Кралицата Елизабета Втора. Голема почит за децениите во служба […]