fbpx

Сите очи вперени кон Кејт Мидлтон: Неочекуван потег на погребот на кралицата Елизабета

Сите мислат дека ова го направила за да ја изнервира свекрвата, а принцезата Дајана се наоѓа во центарот на драмата

Кејт Мидлтон ѝ оддаде почит на Елизабета Втора заедно со останатите членови на кралското семејство, а на самиот настан големо внимание привлекоа обетките кои ги носеше.

Принцезата од Велс очигледно сакала истовремено да ѝ оддаде почит и на нејзината претходничка, мајката на нејзиниот сопруг Вилијам, непрежалената и трагично починатата принцеза Дајана.

Кејт ова парче накит го наследила токму од неа. Иако никогаш не стигна да ја запознае својата свекрва, принцезата неретко на свој начин покажува почит кон мајката на својот сопруг.

Дијана овие бисерни обетки ги доби на подарок непосредно пред венчавката со сегашниот крал Чарлс Трети и тоа од златарската фирма која беше омилена во нејзиното семејство.

Ги носеше неколкупати за време на својот контроверзен и несреќен брак и исклучиво на важни случувања.

Иако Кејт собра многу симпатии поради обетките, некои овде видоа провокација кон кралицата Камила која му беше љубовница на Чарлс додека тој се’ уште беше во брак со Дајана.

Фото: Принтскрин Јутјуб

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Пееше час и половина и не знаеше дека умира: Потресна исповед на Љубица

Се огласи Љубица Његомир Живиќ, ќерката на легендарната југословенска пејачка Мерима Његомир, и раскажа тажна приказна за мајка си. Таа на домашните медиуми им откри дека кога била мала децата биле сурови кон неа и постојано ѝ зборувале дека нејзината мајка е „певаљка“. Љубица проговори и за моментите кога Мерима […]