fbpx

Пееше час и половина и не знаеше дека умира: Потресна исповед на Љубица

Се огласи Љубица Његомир Живиќ, ќерката на легендарната југословенска пејачка Мерима Његомир, и раскажа тажна приказна за мајка си.

Таа на домашните медиуми им откри дека кога била мала децата биле сурови кон неа и постојано ѝ зборувале дека нејзината мајка е „певаљка“.

Љубица проговори и за моментите кога Мерима им открила дека боледува од канцер.

– Кога една личност во семејството има рак, тогаш целото семејство е болно. Понекогаш ќе помислам „Боже па таа тогаш умираше, таа тогаш беше во термална фаза за која ние не знаевме, а она пееше час и половина“-раскажува ќерката на Мерима Његомир во нејзината исповед за српски „Курир“.

Мерима Његомир почина лани, по кратко и тешко боледување. Имаше 69 години. Во своето последно обраќање во медиумите, Његомир отворено раскажа со какви се’ предизвици се соочува.

„Се борам со тешка болест. Со голем тим на лекари и експерти се надевам дека ќе ја добијам оваа битка. Многумина се изборија, се надевам дека ќе успеам и јас. Се обидувам позитивно да размислувам. Тука се моите деца и пријателите кои ми даваат максимална поддршка. Што друго да ви кажам.. Се разболев како и милиони други луѓе на светот, па ете, меѓу нив требало да бидам и јас“, раскажа таа.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Голема промена за овие хороскопски знаци до крајот на годината

Припадниците на следниве три хороскопски знаци ќе имаат возбудлив финиш во оваа 2022 година Девица Девиците ги чека исклучително интересен период. Ѕвездите им предвидуваат неочекувана заработка, но и многу други пријатни изненадувања. На слободните претставници на овој знак конечно ќе им се случи голема љубов. Близнаци Самодовербата ќе им се […]