fbpx

Тројца Македонци што владеат на „Инстаграм“

Македонските мажи не само што внимаваат на својот животен стил, туку и навистина се свесни за впечатокот кој го оставаат.

Оние кои имаат совршено дефинирани тела, истите често ги користат како свој адут, па судејќи по фрекфенцијата на нивните инстаграм-профили, може да се заклучи дека жените навистина ги обожаваат.

Веќе некое време како најпопуларни на „Инстаграм“ се наметнаа тројца такви, кои освен што се фотографираат со „плочките“ на стомакот, често иницираат и убави теми за муабет, особено за здравиот начин на живот.

Тие во една прилика заедно гостуваа и во популарното ТВ-шоу „Живот со стил“.

Мартин Данчев

(Пејач, продуцент и поранешен Мистер на Македонија)

Пред неколку години партиципираше во едно шоу за музички таленти. Во едно интервју се пофали дека сега работи како композитор и продуцент на музика за реклами, кратки филмови и за документарци.

Во неговата биографија стои дека во 2015 година бил прогласен за Мистер на Македонија. Одамна практикува фитнес, но единствено како рекреација.

Бојан Тодоровски

(Професионален фитнес тренер)

Работи како личен фитнес тренер. Она што особено фасцинира кај него е трансформацијата која ја демонстрира кога е вежбањето во прашање.

Освен што сака спорт, особено фудбал и кошарка, покажа дека сака и несекојдневни предизвици, па не толку одамна прифати ангажман во српското реално шоу „Парови“.

Симон Антиќ

(Каратист и фитнес инструктор)

Веќе 17 години професионално се натпреварува во карате и има освоено многу титули на меѓународни првенства. Последните години работи како фитнес инструктор и е еден од најангажираните.

Во едно свое излагање раскажа дека е свесен за перцепцијата на машката убавина со појавувањето на социјалните мрежи и дека разголувањето на Инстаграм не му е проблем, се разбира тоа да биде направено со вкус.

Фото: Инстаграм

Следни Објави

Шок! На 28 години почина ѕвездата од најгледаното реално шоу: Се огласи семејството

Тешка несреќа се случи Џорџ Вард, популарниот перформер познат под уметничкото име Чери Валентајн, почина на 28-годишна возраст, соопшти неговото семејство. Ворд учествуваше во втората сезона на едно од најгледаните реални шоуа во Британија, RuPaul’s Drag Race UK, а подоцна беше ѕвезда и во документарецот Gypsy Queen And Proud на […]