fbpx

Не издржа, отиде по татко ти: Македонија тагува, почивај во мир!

Македонската јавност со неверување ја прими веста за смртта на еден од нашите најдобри ракометни тренери, Андон Бошковски.

Почитуваниот стратег имаше само 47 години. Неговите роднини и пријатели се шокирани од тажната вест.

„Прерано не’ напушти братучед. Почивај во мир голем човеку! Ќе фалиш! Не издржа и отиде по татко ти“, напиша на „Фејсбук“ Тале Доневски.

Популарниот Доне рано ја заврши играчката кариера поради повреда на раката, но остана во овој спорт.

Почна со Работнички во 2004 година, по што беше ангажиран во многу македонски клубови како асистент и како главен стратег.

Еден период беше и помошник во македонската сениорска репрезентација, а имаше ангажмани и во Романија и Косово.

Фото: Фејсбук/Ракометна Федерација на Македонија

Следни Објави

До небото и назад: Скршена од болка, македонската пејачка се огласи по подолго време

Познатата македонска пејачка, авторка и диџејка по подолго време се огласи на својот инстаграм-профил. Фани Христова која со години наназад работи и како јога-инструктор, се присети на нејзиниот починат татко и објави трогателна посвета. -Еден умен човек што го сакам најмногу на светот е роден на денешен ден. Тој велеше: […]