fbpx

Мистериозен повик пред трагедијата: Познатата инфлуенсерка убиена пред нејзиниот дом

Младата тиктокерка и инфлуенсерка Карла Пардини (21) е застрелана во Мексико пред нејзината куќа, информираат светските медиуми.

Карла наводно е убиена откако непознато лице ја побарало на мобилниот и ѝ рекло да излезе надвор.

Сведоци раскажуваат дека неколку вооружени лица се движеле во квартот на Пардини пред да се случи убиството.

Се огласи и државното обвинителство, но не сакаат да коментираат дали со нејзините последни видеа на „Тик Ток“ ја испровоцирала трагедијата.

„Истрагата се врши во голема тајност, за да не им дадеме предност на можните осомничени“, изјави главниот обвинител.

Видеата на Карла имаат милионски прегледи и најчесто тоа се содржини поврзани со модниот бизнис.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Македонија тагува: Почина познатиот новинар и уредник

Тажна вест, уште еден живот прерано згасна По кратко и тешко боледување почина долгогодишниот новинар и уредник Венко Кричевски, јави порталот „Прес 24“. Најголем дел од кариерата помина во дневниот весник „Вечер“. Кричевски беше роден 1957 година. Погребот ќе биде извршен утре од 11 часот на градските гробишта Бутел во […]