fbpx

Многу домаќинки грешат: Вака всушност се прави запршка

Во денешно време запршките се’ помалку се употребуваат или се сведени на минимум, но многу јадења и понатаму се незамисливи без нив.

Знаеме дека запршката не е најсреќното решение за организмот, но со умерена употреба на брашно и зејтин тоа не мора да биде така.

За бела чорба или за сосови кои бараат светла запршка, користете путер, маргарин или растителна маст, додека за пообични јадења со класична запршка може да употребите масло или свинска маст.

Запршката во јадењето обично се става како последен додаток. По неа, евентуално се додаваат само полесните зачини.

Начин на приготвување

Загрејте во лонец одредена количина масло и додадете одредена количина брашно. Кога брашното ќе почне да се пржи, запршката станува пенлива. За бела запршка брашното не треба долго да се пржи, за истата да не потемне. За обичните јадења, брашното се пржи додека не зарумени, а потоа треба внимателно да се разреди во приготвената ладна течност. За да не ви се направат грутки, течноста треба да се полева по малку со непрекинато мешање, се’ додека не се добие каша со посакуваната густина. Може да се употреби и жешка течност, но во тој случај треба уште побрзо да се меша.

Запршката треба да се готви најмалку 20 минути, а за крем чорба и за сосови и до половина час, за да не се чувствува мирисот на суровото брашно.

Мерка

Запршката зависи од самото јадење. За белите крем чорби на еден литар течност се додава светла запршка од 50 грама масло и 50 грама брашно. Во чорбите со зеленчук и со месо, препорачлив е сооднос од по 40 грама. За грав, пак, освен истата количина, пожелно е да се додаде и малку мелен пипер, лут или благ според вкусот.

Фото: Шатерсток

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Стигна дијагнозата: Џамбазов откри дека е болен

Откако таа влезе во неговиот живот, тој дефинитивно е друг човек. Тоа го знаат сите оние над 100 илјади следбеници колку што ги има на „Инстаграм“. Љубовта меѓу легендарниот актер и шоумен Игор Џамбазов и нашата врвна алпинистка Илина Арсова постојано е под будното око на јавноста откако пред две […]