fbpx

Фановите во шок: Почивај во мир Роберт, прерано си замина

На 33-годишна возраст почина актерот Роберт Кормијер.

Фановите не можат да се помират со смртта на ѕвездата од канадската серија Heartland.

„Почивај во мир Роберт, прерано си замина“, напишаа тие на социјалните мрежи.

Кормијер починал во петокот во болница, откако претходно бил хоспитализиран со тешки повреди здобиени при пад, откри неговата сестра.

Во меѓувреме се огласи и американската ТВ-мрежа која ја емитува драмата во која се прослави.

„Роберт беше неверојатен талент. Неутешни сме по неговата смрт. Искрено сочуство до неговите пријатели, семејството и соработниците“, пишува во официјалното соопштение на Си-Би-Ес.

Луѓето од неговото најблиско опкружување велат дека бил спортист, актер и голем човек.

„Имаше страст да им помага на другите и секогаш сакаше да постигне нешто повеќе“, велат тие.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Светот во шок по смртта на легендарниот рапер: Една порака ги расплака сите, се огласи актерката Мишел Фајфер

Артис Леон Ајви Џуниор, музичарот кој се прослави под уметничкото име Кулио, е пронајден мртов во домот на негов пријател. Тажната вест ја потврди и неговиот менаџер, но не ја откри причината за смртта. Неофицијално, на телото не се пронајдени траги од насилство и најверојатно станува збор за срцев удар. […]