fbpx

Стигна дијагнозата: Џамбазов откри дека е болен

Откако таа влезе во неговиот живот, тој дефинитивно е друг човек. Тоа го знаат сите оние над 100 илјади следбеници колку што ги има на „Инстаграм“.

Љубовта меѓу легендарниот актер и шоумен Игор Џамбазов и нашата врвна алпинистка Илина Арсова постојано е под будното око на јавноста откако пред две години и двајцата ја потврдија врската.

Преку ноќ добија армија фанови на социјалните мрежи каде редовно ги објавуваат заедничките моменти.

Џамбазов овојпат одлучи да се пошегува на своја сметка нагласувајќи дека „му стигнала дијагнозата“.

„Ги известувам сите пријатели и следбеници дека конечно ги добив резултатите од лабораториските испитувања. Веќе два месеца боледувам од Илинопатија (lat. Ilinopatius), во превод: Патење по Илина. Лекот за оваа болест се’ уште не е измислен. Чаре?“, напиша Џамбазов.

На оваа објава интересен предлог му даде еден верен негов следбеник.

„Купи прстен, клекни, запроси ја, свадба и нема повеќе патење, постојано ќе биде до тебе“, му напиша тој.

Игор токму на ова најочекувано прашање (Дали ќе има прстен?) неодамна конечно даде одговор. Истиот го имате ОВДЕ!

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Скршена држава: Стефан Петровски едвај примен во Градска, ова е неговото сведоштво

Синоќа си ја скршив ногата во оваа скршена држава Петок бев на работа до 01:00 сабајле, продолжив кај другарка на кратко и си дојдов дома во 04:00, спиев два саати, станав во 07:00 и отидов на еден целодневен саем. Се вратив дома да одморам и назад на работа пак до […]